ВЕСТИСВЕТ

Украина, руското мешање и земјоделските протести главни теми на сесијата на ЕП

Поддршката на ЕУ за Украина, резултатите од минатонеделниот специјален Самит на Унијата, руското мешање и протестите на земјоделците се главни теми на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Стразбур.

Се очекува за време на расправата европратениците да ја потврдат потребата ЕУ да остане обединета во непоколебливата поддршка за Украина, речиси две години од почетокот на руската агресија врз земјата. Од дебатата треба да произлезе резолуција, која ќе се најде на гласање пред европратениците на следното пленарно заседание на ЕП на крајот од месецот.

Утре Европскиот парламент ќе расправа и за наводите дека европратеник бил поврзан со руските безбедносни служби, како и за другите обиди на Русија за мешање во демократските процеси на ЕУ. Резолуцијата за ова прашање ќе биде ставена на гласање пред европратениците в четврток.

В среда, европратениците ќе дебатираат со Советот на ЕУ и со Еврокомисијата за извештаите за зголемениот број инциденти ширум Унијата мотивирани од антисемитизмот и антимуслиманската омраза, а ќе треба да се изјаснат и за Предлог-резолуција посветена на заканите за владеењето на правото и слободата на медиумите во Грција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button