ВЕСТИ

Украина: Зеленски им кажа на европските лидери дека „малку доцнат“ со санкциите

Порака од украинскиот претседател Володимир Зеленски до европските лидери дека „малку предоцна“ почнале со заканите и санкции за Москва, е еден од настаните кои го одбележаа изминатото деноноќие во руско-украинската криза.

Зеленски преку видео им се обрати на шефовите на држави на самитот на Европскиот совет во Брисел, од кои побара да не доцнат и со одобрувањето на украинското барање за пристапување во Европската Унија. Неговиот говор следеше и по вонредниот самит на НАТО кој, исто така, се одржа во Брисел.

Алијансата најави дека ќе испрати вкупно 40 000 војници во земјите што граничат со Украина: Словачка, Украина Бугарија и Романија.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button