ВЕСТИСВЕТ

Унгарија и Полска го блокираа усвојувањето на буџетот на ЕУ

Унгарија и Полска го блокираа усвојувањето на седумгодишниот буџет на ЕУ и планот за закрепнување од пандемијата на вирусот корона, поради новиот механизам што ги ускратува фондовите на ЕУ на земјите чии влади ги нарушуваат демократските стандарди и владеењето на правото.

Advertisements

На состанокот на претставниците на земјите членки на Унијата, десничарските влади на Унгарија и Полска ставија вето на таканаречениот „пакет“ за закрепнување. Портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на Твитер потврди дека Будимпешта стави вето на буџетот на Унијата.

„Унгарија, како што предупреди премиерот Виктор Орбан, стави вето на буџетот, бидејќи не можеме да го поддржиме проектот во сегашната форма, што ја поврзува проценката на владеењето на правото со буџетските одлуки“, рече Ковач.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button