ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

УНИЦЕФ и експерти ја критикуваат Владата поради одложеното второ полугодие

Одложувањето на почетокот на второто полугодие од учебната година ја нарушува динамиката за учење и го нарушува физиолошкиот и психолошкиот ритам на учениците. Професорот Џеладин Мурати смета дека проблемите од одложеното второ полугодие се повеќебројни. Вели дека дополнително, состојбата ја влошува и притисокот на наставниците да можат да ги покријат сите изгубени часови.

„Вниманието на учениците во првите 4 месеци, почнува да расте во второто полугодие, но со одмор кој се нарекува полугодишен одмор. Затоа не гледам причина второто полугодие да се одложи за уште 10 дена, бидејќи 10 дена не се ни премногу, ни премалку, но кај учениците јасно се одразува на нивната психологија, на емоциите во смисла на препознавање и емоционално подготвување за продолжување на наставата во второто полугодие“, вели Мурати.

Мурати вели дека за владината одлука не биле консултирани експерти од нивната фела кои несомнено сметаат дека е многу побезбедно децата да останат во училиштата отколку по кафулињата.

„Тоа се проблеми кои не се проучуваат, не се ажурираат од институциите и затоа се решаваат еднострано без консултација со науката…“, додава Мурати.

Одложувањето на почетокот на второто полугодие беше жестоко критикувано и од канцеларијата на УНИЦЕФ. Тие потсетуваат дека С. Македонија веќе имала најдолго затворање на училиштата во регионот.

„Јасно е дека најдобар интерес на учениците е училиштата да бидат отворени и тоа треба да биде приоритет низ целата земја. Ризиците со кои се соочуваат децата кога се надвор од училиште се поголеми отколку во училиштата. 2022 година не смее да биде уште една година за уништување на наставата. Тоа треба да биде година во која образованието и интересот на учениците се од огромно значење“, порача Патриција Ди Џовани, УНИЦЕФ Македонија.

За разлика од последниот училишен месец, податоците покажуваат многу ниско ниво на заразени ученици, со само 0,01% новозаболени меѓу учениците и 0,03% кај наставниците. За разлика од пред две недели кога училиштата беа затворени поради зимскиот распуст, бројот на заразени се зголеми за четири пати. Според УНИЦЕФ, овие податоци треба да се искористат за отворање на училиштата.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button