ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

УПОЗ на предупредувачки штрајк, два дена нема нема да работат по два часа

Вработените во управата и правосудството во четврток и петок ќе ја прекинат работата два часа, од 10 до 12 часот, барајќи исплата на минимална плата и линерано зголемување на платите на сите вработени за 2.806 денари. Синдикатот на УПОЗ најави дека ваков протест ќе има во сите инститиции каде што има членови на оваа синдикална организација, а тоа се министерства, агенции, фондови, управи и судови.

Advertisements

„Ќе има прекин на работата. Известени се и Владата и министерства, сите работодавачи. Ги замолувам граѓаните на трпение, не е многу, два часа се, меѓутоа тие два часа можат да пораснат и да бидат осум часа прекин“, изјави денеска претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на прес-конференција.

Тој посочи дека во 95 проценти од институциите се исплаќа плата под минималната, а во останатите пет проценти, дел не ја подготвуваат платата, а оние што веќе ја исплатиле, направиле грешки и исплатиле само минимална плата без стаж.

„Се надеваме дека Владата и надлежните ќе имаат барем малку сенс и ќе направат напори овој период да разговараме и да најдеме начини за решавање на нашите барања, но изгледа дека Владата не е заинтересирана за преговори со нас, иако тоа го вети“, вели Деаноски.

Тој додава дека она за кое што предупредиле навистина се случило, односно дека во речиси сите институции во управата и правосудството на вработените не им се исплаќа минимална плата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button