ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тупанчески не платил за летот и картата, а аранжманот за Палермо го платил по враќањето

Министерот за правда, Никола Тупанчески во разговор за „А1он“ изјави дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот односно сместувањето ја платил по четири дена од одржувањето на натпреварот.

Тупанчевски сепак и натаму смета дека не го прекршил Етичкиот кодекс, во кој има ограничувања до која вредност може да се примаат подароци и под кои услови.

„Чартер летот не е вклучен, воопшто не е вклучен, затоа што и да сакате да биде вклучен чартер летот, тој не може да биде вклучен. Постои начин на организација на патувањето. Начинот или селекцијата на луѓето кои што патуваат треба да биде направен од страна на луѓето кои го организираат патувањето. Јас сум само еден од големата делегација на новинари, лекарски екипи, гости, кои патуваат и јас сум само составен дел од делегацијата. Дури морам да ви кажам дека и овој дел кој што е платен, е платен на мое инсистирање бидејќи мислев дека така треба да биде“, вели Тупанчески за „А1он“.

На прашање дека не ја платил ниту ВИП-картата, туку ја добил на подарок, тој истакна дека и да сакал да плати не можел, бидејќи тоа било „карта без цена“.

„Ајде уште еднаш, зборуваме за процедура која што однапред е утврдена од страна на Фудбалската федерација. Тие имаат клуч на кој начин што ги добиваат. Картата која јас ја имав добиено гласи на мое име и е 00 евра. Дали ме разбирате? Практично и да сакате, има и за тоа доказ, дека практично картата е без цена“, изјави Тупанчевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button