ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јанакиески доби 3 години и 6 месеци затвор за „Топлик“

Основниот суд во Скопје на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му изрече затворска казна во висина од 3 години и 6 месеци.

Предметот кој беше отворен од поранешното СЈО се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на населбата „Сончев град“ во Сопиште.

Според обвинението, првоосомничен е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button