ЗДРАВСТВО

Позната состојбата со новозаболени од ковид-19, нема починати во последните 24 часа

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи со КОВИД-19 и 252 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од 236 новозаболени од Скопје се 125, Битола – 29, Кавадраци – 12, Прилеп и Гевгелија – по 10, Охрид – 9, Ресен – 7, Кичево – 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Велес – 3, Гостивар ,Штип, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Тетово Кочани, Берово, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (236), регистрирани се 38 реинфекции.

Од 252 оздравени пациенти од Скопје се 137, Битола – 34, Прилеп – 17, Кавадарци – 15, Куманово и Велес – по 7, Кичево и Дебар – по 5, Делчево , Кочани и Неготино – по 4, Тетово – 3, Ресен , Струмица, Штип и Крива Паланка – по 2, Гевгелија и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа и согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани нови починати лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button