ЗДРАВСТВО

Вкупно 32 лица заболени од пертусис на подрачје на ЦЈЗ Куманово

Вкупно 32 заболени од пертусис регистрира Центарот за јавно здравје Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Епидемиологот доктор Едита Размизи кажа дека од 32 пријавени лица на ниво на Центарот, во Куманово, заболени се 26 лица.

– Новозаболените се на домашно лекување. Станува збор за деца од 11 до 17 годишна возраст, сите се комплетно вакцинирани и се во општа добра здравствена состојба, изјави доктор Рамизи.

Во Кратово регистрирани се три случаи, во Крива Паланка два и еден случај има во Липково.

– Најважна е вакцинацијата која се спроведува тековно во вакциналните пунктови, изјави д-р Рамизи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button