Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно лице и четири фирми за прикривање данок во износ од 260 илјади евра
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно лице и четири фирми за прикривање данок во износ од 260 илјади евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Фидан Бибај, сопственик и управител на повеќе фирми во земјава, но и против четири фирми, поради даночно затајување преку низа дејствија во периодот од 2013 до 2023 година.
„Во периодот од 2013 до 2023 година извршил низа слични незаконски дејствија со цел намалување на даночната основа за пресметување и плаќање на данок на добивка, со кои дејствија сторил кривично дело Даночно затајување„, велат од Финансиска полиција.
Сопственикот на фирмите, според Финансиската полиција, се сомничи дека на својата сметка и четири фирми префрлил средства по заеми, кои последователно не биле евидентирани во даночните биланси и не биле вратени по истекот на законските рокови.
Како што објаснуваат од Финансиската полиција, Бибај со своите постапки за избегнување плаќање данок го оштетил државниот буџет за 260 илјади евра.
„Со дејствијата првоприкажаниот Б.Ф. со цел намалување на даночната обврска за утврдување на данок на добивка заради избегнување плаќање данок, на име, за сметка и во корист на презентираните правни лица, во периодот од 2013 до 2023 година, не прикажал, не пресметал и не платил данок на добивка согласно даночната постапка од 10% во вкупен износ од буџетот од 16 милиони денари„, велат од Финансиска полиција.
Финансиската полиција продолжува со истрагата, а предметот ќе биде доставен до Јавното обвинителство./Алсат.мк
Суад Бајрами