ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Управниот одбор на скопски „Водовод“ утре ќе одржи итна седница поради отказот на синдикалниот претседател, најави ССМ

Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје утре ќе одржи итна седница во врска со отказот на претседателот на синдикалната организација при претпријатието.

Ова денеска го најавија од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), на барање на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ).

Од ССМ велат дека отказот кој на синдикалниот претседател му бил даден од страна на в.д. директорот на претпријатието, Марјанче Митовски, е противзаконски.

„Управниот одбор во текот на утрешниот ден со почеток во 13 часот ќе одржи итна седница на која ќе се разгледува приговорот поднесен од Стојанче Кашиковски против незаконското решение за изрекување на дисциплинска мерка – престанок на работниот однос, донесено од в.д директорот Марјанче Митовски“, се вели во соопштението на ССМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button