ВЕСТИРЕГИОН

Урнатини во Петриње, спасувачки акции во тек. Се стравува од голем број повредени

Материјалната штета во хрватскиот град Петриње е огромна, пренесуваат локалните медиуми додавајќи дека сцените од центарот на градот се навистина драматични. Се стравува од поголем број на повредени лица.

Advertisements

На неколку места се започнати акции за извлекување на луѓе кои се затрупани во објектите, а во подрачјето се слушаат сирени на противпожарни возила и на брза помош.

“Ги повикуваме граѓаните да излезат на отворено, ако се во можност и да се оддалечат од зградите кои би можеле да се урат. Луѓето на повисоките катови да застанат кај носечките столбови”, соопшти полицијата.

Попладнево околу 12:20 часот Хрватска ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер. Епицентарот е во градот Петриње на 45 килметри југоисточно од Загреб, на длабочина од 10 километри.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button