СПОРТ

Уште две имиња на листата потенцијални тренери на Барселона

Не мина ни пладне од денешниов ден, а шпанските медиуми веќе додадоа две нови имиња на листата на потенцијалните наследници на Роналд Куман на местото тренер на тимот на Барселона, пренесува Спортмедија.

Како што се наведува во текстот, Барса вечерва игра против Атлетико Мадрид на гостински терен и ова е многу веројатнно последниот меч на Куман на клупата на „Каталонците“. Па така, а постојните имиња денес беа додадени уште две, на Јоаким Лев и Ерик десет Хаг. Според Каталонски Спорт, долгогодишниот германски селектор е фаворит за нов тренер, но во исто време, Радио Каталонија го наведува тренерот на Ајакс како избор на претседателот Жоан Лапорта.

Други имиња за кои се шпекулира се Ралф Рангнинг, Роберто Мартинез, Хави Ернандез, Андреа Пирло и Марсело Гаљардо.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button