СПОРТФУДБАЛ

Уште една англиска звезда нема да дојде во Скопје

По Џон Стоунс, уште еден фудбалер отпадна од плановите на Герет Саутгејт за последните два натпревари на Англија во квалификациите за следното Европско првенство. Непосредно пред Саутгејт да го објави списокот се потврди дека дефанзивецот на Манчестер Сити ќе паузаира одредено време, а покрај него на повреда се пожали и Џејмс Медисон, фудбалерот на Тотенхем.

Офанзивниот играч за врска, кој оваа сезона е најпријатното изненадување во Премиер лигата, затоа што блеска во дресот на „петлите“ и се наметна како еден од лидерот во тимот, се повреди на последното дерби против Челзи. Во соопштението се наведува дека Медисон ќе се рехабилитира во следните две недели, но не се знае кога ќе биде подготвен да се врати на терените.

Се шпекулира и се верува дека не се работи за сериозна повреда, туку дека Постекоглу и Саутгејт не сакаат ништо да ризикуваат и дека Англичанецот веројатно би можел да биде на теренот по репрезентативната пауза. Во оваа репрезентативна пауза Англија ќе одигра два натпревари – против Малта на свој терен и против Македонија во Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button