ВЕСТИСВЕТ

Уште осум пожари избувнаа во Америка за само 24 часа, ветерот и грмотевиците создаваат дополнителна опасност

Во последните 24 часа избувнаа уште осум пожари во САД, а има околу 80 во целата земја, се наведува во соопштението на Националниот информативен центар за пожари.

Државата Орегон и западните делови на САД се изложени на дополнителна опасност од ширење на шумски пожари поради чести налети на ветер и грмотевици, сув воздух и суво земјиште.

Бесните пожари во Орегон зафатија повеќе од 1.210 квадратни километри и се сметаат за најголеми во модерната историја на оваа држава, иако пожарот е содржан на околу 25 проценти од територијата што граничи со Калифорнија, пренесува АП.

Метеоролошката служба предупреди на доаѓање на суво невреме проследено со грмотевици, што може дополнително да ја влоши ситуацијата.

Поради ширењето на пожарот, илјадници луѓе се подготвени да се евакуираат, вклучувајќи околу 2.000 од оние кои живеат во диви, заштитени подрачја во близина на езера и шуми.

Скоро 20.000 пожарникари беа ангажирани во гаснењето на пожарот, од кои 2.000 беа само во Орегон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button