ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција

Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција

Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција, информираат попладнево од турската амбасада.

Advertisements

Три млади лица денеска со авион биле пренесени во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул.

Турскиот амбасадор во земјава Фатих Улусој ги придружувал повредените на Меѓународниот аеродром, при нивното заминување од Скопје.

Моментално во Турција се лекуваат вкупно 12 повредени. Од нив, половина се во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул, додека другата половина во болницата „Билкент Шехир“ во Анкара.

И заменик министерот за надворешни работи и главниот преговарач со ЕУ, Мехмет Кемал Бозај, изразил сочувство до целиот народ на Македонија за изгубените животи во трагичниот настан во Кочани.

Заменик министерот Бозај во интервју за емисијата „Across the Ballkans“, емитувана на „TRT World“, се осврнал на трагичниот настан што ја трогна Македонија и изрази сочувство.

– Како земји од регионот, континуирано се помагаме меѓусебно. Како што се сеќавате, Северна Македонија, по разорниот земјотрес што ја погоди нашата земја во 2023 година, испрати тимови за спасување. Така и ние, веднаш по овој трагичен настан, испративме авиони и деветмина државјани на Северна Македонија ги пренесовме во Туркије за лекување. Во оваа прилика, уште еднаш изразувам длабоко сочувство до целиот народ на Северна Македонија и им посакувам брзо заздравување на ранетите – изјавил Бозај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button