ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кочани во црно, последно збогум за 30-мина настрадани во трагедијата во „Пулс“

Семејствата, пријателите и илјадници граѓани на гробиштата во Кочани го кажаа последното збогум на 30-те жртви од овој град кои трагично ги загубија животите во дискотеката „Пулс“. Погребни церемонии на жртвите од трагедијата денеска се одржаа и во Штип, Струмица, Облешево, Пробиштип и во Скопје.

Advertisements

Загинатите беа испратени со верски церемонии и молитви од свештениците.

Глетката којашто зборува погласно од кој било збор ќе остане засекогаш во сеќавањето на сите присутни. Во погребната поворка граѓаните носеа цвеќиња и фотографии со црни ленти. Меѓу нив имаше многу млади луѓе на иста возраст како и починатите.

За семејствата болката и тагата се преголеми, па неколкупати интервенираа итните служби.

Безбедносните сили се грижеа за редот и за почитувањето на официјалниот медиумски протокол за известување од местото на настанот. Во текот на денот, новинарите известуваа подалеку од гробиштата за да ја испочитуваат приватноста на членовите на семејствата на покојните. На готовност беа и екипите на Црвениот крст.

Министерството за здравство денеска ја објави возраста на 59-те жртви, од кои повеќето се млади. Меѓу нив има 6 малолетници на возраст од 16 до 17 години, 4 се на 18 години, 3 се на возраст од 19 и 20 години. 31 жртва се на возраст од 21 до 30 години, а 10 лица се на возраст помеѓу 31 и 40 години. Меѓу жртвите има и двајца 44-годишници, еден 47-годишен и еден 48-годишен.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button