МАКЕДОНИЈА
Меџити со сочувство до семејствата на загинатите – правдата ќе биде задоволена!

Првиот потпретседател на Владата, Изет Меџити, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите од Кочани, уверува дека правдата ќе биде задоволена, како за овој случај така и за сите други отворени случаи, вклучително „Беса транс“, модуларната болница во Тетово, Ласкарце и други трагедии.
„Нашата борба за подобра Македонија ќе има смисла само кога оние против кои системот беше неправеден ќе почувствуваат дека правдата, сепак, не е поим заробен од мафијата што ја контролира државата, како што за жал беше случај со години во минатото, и дека нивните повици за правда ќе наидат на одговор и реакција“, вели Меџити во реакцијата.