ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставен одлучи – Повлечената амнестија на Иванов е законска!

Уставниот суд пресече – повлечената аболиција за 56 лица на поранешниот Претседател Ѓорѓе Иванов е законска. Уставните судии денеска со пет гласа „за“ и три „против“, одлучија да ја запрат постапката за оценување на уставноста на членот 11 – а од Законот за помилување кој предвидува даденото помилување да може се повлече за 30 дена откако е донесена одлуката за амнестија. Според дел од судиите, на граѓаните не може да им се скрати правото да побараат повелкување на аболиција, доколку сметаат дека невиноста можат да ја докажат во суд. Со ставот на судиите не се согласува адвокатот Еленко Миланов. Тој е бранител на повеќе обвинети во случаите на поранешното СЈО кои беа дел од аболиција која се донесе па се повлече.

„Не би се согласил дека поништувањето е законско и уставно, затоа што она што го донел Уставниот суд е дека одредбата дека Претседателот може да поништи некоја аболиција е во правна сила и тааа може да важи, но таа може да важи од моментот кога е донесена таа измена или внесен е членот 11 – а“, рече Еленко Миланов, адвокат.

Иницијативата за оценка на уставноста на членот 11 – а беше за Уставен да утврди дали екс шефот на државата Иванов, можел да ги повлече помилувањата за 56 лица кои ги даде во 2016 – та година. На списокот на аболирани од кривична одговорност беше тогашниот врв на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Грувески, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска. По силен притисок на јавноста, Иванов ретерираше и ја повлече аболицијата, а барања  да се повлечат помилувањата тогаш јавно побараа и дел од помилуваните. До сега обвинетите во случаите на СЈО ја користеа аболицијата во судница и тврдеа дека еднаш дадено помилување не може да се повлече. Помилувањето го користат и пред Судот за човекови права во Стразбург каде посочуваат дека им се ускратени правата со повлеченото помилување. Но со последната одлука на Уставен се отвара патот за предметите на СЈО, а тврдењето на обвинетите станува неосновано пред Стразбург.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button