ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Измените на законот за пензионирање пред пратениците

Потребата од измени на законот за пензионирање доби поддршка во комисијата за труд и социјална политика. Иако никој не гласаше против, сепак од ВМРО ДПМНЕ рекоа дека задолжителното пензионирање на 64 години е само параван, со кој ќе се полни администрацијата со партиски клуч, без да се направи анализа дали пензискиот фонд може ова да го издржи.

„Се врши масовна партизација на институциите во Македонија, и дека овој закон исклучива намена му е да се ослободат дополнителни работни места за да може да се вработуваат партиски послушници на СДСМ и ДУИ“, рече Бране Петрушевски-пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

За власта новото законско решение, ќе отвори пат за вработување на младите со ослободување на работни места, а анализите покажуваат дека фондот за пензиски може да го издржи овој товар

„Намерите се позитивни, искрени и транспарентни и нема ништо скриена форма. Сакам како претставник на партијата за пензионери, овој закон има поддршка безрезервна, затоа што ценат дека е хуман, нема ништо партизирано законот е за сите подеднаков“, рече Илија Николовски- пратеник на пензионери.

Според предлог законот, пензионирањето ќе биде задолжително за сите што ќе наполнат 64 години и 15 години работен стаж. Искучок ќе има само за медициските лица, и вработените во високото образование, кои ќе можат да продолжат со работа.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button