ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Уставниот суд ја затвори славината за 30% повисоки плати во Финансии

Во декември лани се израдуваа на зголемени плати за 30%. Но, по 11 месеци радоста има ја прекина Уставниот суд. Вработените во Министерството за финансии ќе треба да почекаат нова одлука на надлежните за нивните плати кои 11 месеци беа покачени за 30 отсто од страна на министерот Фатмир Бесими. Пред зградата на министерството денеска никој не сакаше да коментира, иако имаше најави дека ќе има получасовен штрајк.

Advertisements

Пред Министерството за финансии имаше најави дека вработените ќе го изразат револтот откако привремено ќе им се суспендира зголемувањето на платата од 30%, со одлуката на Уставниот суд. Дури и министерот Бесими денеска ги откажа сите јавни настапи избегнувајќи ги медиумите за да даде одговор во врска со ова прашање.

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на членот 66 став 3 од Законот за буџет, со кој се овозможи ова зголемување на платите за 30%, но само за вработените во Министерството за финансии и органите на државната администрација кои вршат работи поврзани со буџетот. Ова значи дека за декември сите овие вработени ќе земаат плата пониска за 30%. Се очекуваат Собранието за еден месец да даде мислење за проблемот.

„Уставниот суд првично презеде мерка привремен прекин и поведе постапка за преиспитување на уставноста на член 66, став 3 од Законот за буџет. За толкувањето на овој случај ќе се побара мислење од Собранието кое има законски рок од 30 дена да го изготви мислењето“, велат од Уставен.

Иницијативата за проверка на уставноста дојде од лицето Мирослав Драганов, според кого, вработените во Министерството за финансии кои извршуваат конкретни задачи и имаат посебна одговорност, се ставени во неоправдана привилегирана положба во однос на граѓаните кои се вработени во други органи на државната администрација, кои исто така извршуваат конкретни задачи и имаат посебна одговорност, со што се ставаат во нерамноправна положба.

Според подносителот, со даденото автентично толкување на член 66 став 3 од Законот за буџет Собранието постапило спротивно на Уставот и Деловникот, бидејќи ја изменило толкуваната одредба со воведување на нови елементи.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button