ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставниот суд може да ја разгледува постапката како Насер Зибери стана народен правобранител

Иницијативата на опозицијата за проценка на уставноста на изборот на Насер Зибери за народен правобранител, може да биде предмет на разгледување во Уставниот суд, само во делот на изборната постапка. Според професорот Темелко Ристевски, во случај Собранието да ја прекршило процедурата, таа треба да се разгледа, а моралната одговорност му припаѓа на Зибери.

Advertisements

Политичката активност на Зибери до ден пред изборите не е во спротивност со Уставот, вели Ристевски. Според него, изборот на политички фигури во независни институции стана практика затоа што се користат правни дупки.

Опозицијата сè уште ја нема доставено иницијативата до Судот. Од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива велат дека нивната иницијатива ќе се заснова на политичката фигура на Зибери и неговиот избор во спротивност со Законот за народен правобранител, незаконската и нетранспарентна постапка на Собранието затоа што конкурсот за народен правобранител беше објавен само 3 недели пред истекот на мандатот на претходниот правобранител, а не три месеци како што е предвидено со закон.

Адријан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button