ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставниот суд одлучи: Вработените во МФ нема да добиваат 30 отсто повисоки плати

Уставниот суд донел конечна одлука за платите на вработените во Министерството за финансии (МФ). Како што соопшти денеска претседателката на Судот, Добрила Кацарска, се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, а тоа значи дека во иднина вработените нема да го земаат надополнувањето на платата и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле.

Advertisements

-Донесена е конечна одлука со која е укината оспорената одредба од законот. Се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, што значи, во иднина вработените нема да го земаат тоа надополнување на плата, како што гласеше во Законот, и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле, истакна Кацарска

Според Кацарска, Уставниот суд оформил предмет и по иницијативата поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата за оспорување на балансерот за вработувањата по националност.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button