ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зибери: Попречувањето на настава во Чашка, прекшрување на правото на образование на мајчин јазик

Народниот правобранител Насер Зибери го оквалификува попречувањето на учење на албански јазик во Чаша како едно од најтешките прекршувања на правото на образование на децата на мајчин јазик. Зибери рече дека во годишниот извештај на Народниот правобранител случајот Чашка е забележан како највисок облик на дискриминација по етничка основа.

„Во годишниот извештај за степенот на почитување на слободите и човековите права за 2023 година е забележано како сериозно кршење на правата на децата и сериозно нарушување на правото на образование на мајчин јазик, со форми на сегрегација, најтешката и највисоката форма на дискриминација по етничка основа“, вели Зибери.

Зибери во интервју за Алсат додава дека не е исклучена можноста овој случај да заврши пред судот во Стразбур и државата да биде тужена, а граѓаните да си го остварат правото.

„Јас како народен правобранител ќе ги констатирам сите овие неправди и дискриминации и други форми на сегрегација кои можат да послужат во понатамошни судски постапки кои можат да завршат и пред судот за слобода и човекови права во Стразбур и на овој начин државата може да да биде тужена и казнета додека граѓаните да си го остварат правото“, додава Зибери.

За договорот за изградба на нов објект само за ученици Албанци, Зибери рече дека доколку има просторен капацитет во училиштето „Тодор Јанев“ треба да се инсистира учениците да продолжат да ја следат наставата во тој објект, бидејќи како што рече, Македонија го нема луксузот за секоја иницијатива да гради училиште затоа што некој не сака учениците од друга заедница да учат во ист објект. Во меѓувреме, од вчера 178 ученици Албанци и Македонци по речиси тримесечен прекин се вратија во настава во ОУ „Тодор Јанев“ по протестот на македонските жители на Чашка кои протестираа против функсионирањето на албанска паралелка во оваа училиште.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button