МАКЕДОНИЈА

Уставнот суд отфрли иницијативи за оценка на уставноста на измените на Законот за судови и на Законот за ПИО

Уставнот суд отфрли иницијативи за оценка на уставноста на измените на Законот за судови и на Законот за ПИО

Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на член 42 став 2 во делот „и кој не е постар од 60 години“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, соопшти Прес-службата на Уставен суд.

Исто така, од таму информираат дека е отфрлена иницијативата за оценување на уставноста на членовите 115, 116 и 117 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои се регулира Солидарниот фонд – посмртна помош и членарина.

Воедно, на денешната седница не е поведена постапка ниту за оценка на уставноста и законитоста на Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи, кој беше оспорен од Синдикат на полиција во Македонија – Велес.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button