ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре и задутре метеоролозите очекуваат уште поинтензивно невреме низ Македонија

Земјава утре се очекува да се соочи со уште посилни локални бури, проследени со грмежи, силен ветер и град. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека таквите процеси ќе бидат најзастапени во северозападниот дел.

Од Дирекцијата за заштита и спасување за Алсат велат дека сите екипи се на терен и ги контролираат каналите. Најкритични места се Илинден и Рашче. Во меѓувреме, Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ апелира до граѓаните да не ги паркираат своите автомобили под дрвја.

„Вчера имавме интервенции во три општини на Град Скопје, во Гази Баба, Кисела Вода и во Центар. Целиот централен штаб на Град Скопје и ние како претпријатие со сите тимови се подготвуваме за претстојното невреме. Во вакви случаи најчесто имаме пријави за паѓање на дрва. Да ја искористам можноста да апелирам до граѓаните, ги замолувам во овој период, доколку имаат можност, да не ги паркираат своите автомобили под дрва бидејќи при секое невреме и силен ветер може да има последици по нивните автомобили и врз случајни минувачи“, рече Ардијан Муча, НП „Паркови и зеленило“.

Надлежните институции исто така се во состојба на подготвеност за вонредна состојба како резултат на природни непогоди.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button