ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре одлука за компаниите кои увезуваа сомнителен мазут

На вонреден состанок утре, Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучува за судбината на компаниите кои увезувале сомнителен мазут, дознава Алсат. Каква санкција ќе добијат компаниите кај кои се утврдени неправилности при увозот на мазут во земјава, дали одземање на лиценцата или само парична казна ќе се знае по состанокот, брифираат од регулаторна. А, утре по владината седница ќе бидат објавени и сите останати детали по анализата на мострите кои ги обработуваат надлежните институции, потврди денеска и министерот за економија Крешник Бектеши. Инспекторите веќе утврдиле неправилности.

„Во случај кога одредени компании не ги исполните очекувањата согласно правилникот во делот на залихите и во делот на квалитетот тоа е основ за одземање на лиценцата“, рече Бектеши.

Бектеши уверува дека владата не крие ништо, ниту наоди ниту имиња на фирми кои се дел од овој скандал со увоз на опасни деривати. Според него контроли се правени кај сите компании кои увезувале мазут во последниве три години. А, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа Царина да одговори дали на омилениот бизнисмен на власта, како што го нарекуваат Стајиќ, чии цистерни вчера беа вратени, му се дозволувало да увезува сомнителен мазут во земјава.

„Фирмата „Супертрејд” на Владимир Стајиќ е една од најголемите добавувачи на мазут и горива на државни институции во Македонија. Од десетте најголеми тендери за набавка на мазут во последниве три години, четири ги добила токму „Супертрејд”. Тоа се јавни набавки чија поединечна вредност достигнува и до 200 000 евра, а купувачи се болници и училишта. Дали Стајиќ ги труел граѓаните и продавал неквалитетен мазут на државните установи, кои плаќање стотици илјади евра?“, запрашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

По објавата дека во Македонија се увезувале токсични нафтени деривати, од граница вратени се пет цистерни со мазут каде е констатирано дека дериватот не е според стандардите.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button