ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И покрај апелите, не престануваат пожарите на нивите со пченица

Наместо со жетва на пченица, голем број земјоделци се справуваат со пожари на нивите. Пожарникарите велат дека речиси нема село во тетовскиот регион каде не се случило опожарување на плодните земјишта.

Вчера во Теарце, а завчера во Милетино десетици декари земјиште изгореле во пожари.
-И покрај нашите апели до граѓаните, а особено до земјоделците, да бидат внимателни на овие многу високи температури, не престануват пожарите во полошкиот крај. Само вчера во попладневните часови во атарот на општина Теарце избувнал пожар во нивите каде се очекувало да се жнее пченица. Пожарот остави четири семејства без својот бериќет, од пожарот изгубија десетици декари пченица. Причинител за пожарот е човечкиот фактор со палење диви депонии низ Полог. Апелираме до сите, а особено до земјоделците да не палат стрништа по вршењето на жетвата, за да бидеме по внимателни во овие многу топли денови оти една мала искра може да направи многу голема штета, изјави командантот на Територијалната противпожарна единица, Ука Алити.

Вчера во 17 часот и 30 минути во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар на трафостаница во тетовско Селце. Нема повредени лица и со интервенција на мештаните и тетовската Територијална противпожарна единица, пожарот набрзо бил изгаснат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button