Утре се очекува да започне вакцинацијата на 20 илјади лица над 77 години со вакцината АстраЗенека

Утре се очекува да започне вакцинацијата на 20 илјади лица над 77 години со вакцината АстраЗенека. Од 8 часот наутро, поликлиниките Јане Сандански, Чаир и поликлиниката Букурешт во Скопје ќе ги отворат вратите за вакцинирање на возрасни лица. Во исто време, вакцинацијата ќе започне во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Струмица, Кавадарци и Битола, а во другите градови имунизацијата ќе започне во петок.
„Досега се закажани 5.976 термини за вакцинирање на граѓани над 77 години. Пунктовите за вакцинација ќе работат во две смени. Ќе бидат отворени од 8 до 20 часот. Матичните лекари на секој граѓанин ќе му го одреди датумот за вакцинација и е должен да наведе време и каде ќе биде вакциниран пациентот“.
Масовната вакцинација на населението, во која не се вклучени возрасните лица, ќе се спроведе во големата спортска сала Борис Трајковски. Директорот на Спортскиот центар вели дека салата е достапна за вакцинација во следните два месеци.
Процесот на вакцинација ќе го вршат лекари и медицински сестри на Здравствениот дом од Скопје кои ќе се расподелат според потребата и планот за вакцинација. Од понеделник, започнува вакцинацијата на полицајци кои се најмногу изложени на опасности, припадниците на армијата, новинари, вработени во обвинителството и судовите, возачи на автобуси на јавни претпријатија, пожарникари, вработени на наплатните места и воспитувачи во градинки.
Vjollca Aliti