ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре состанок во ДУИ, „огнените“ ќе бараат одговорност од министрите

Утре состанок во ДУИ, „огнените“ ќе бараат одговорност од министрите

Претседателството на Генералниот совет на ДУИ утре во Тетово ќе заседава по трет пат. Без разлика дали на дневен ред ќе се најде стратегијата за европскиот фронт, се чини дека ќе се разговара за многу повеќе од тоа. Барем така велат од Огнената група од каде ќе предложат дополнителна точка на дневниот ред – работата на министрите.

„Двата извештаја треба да се разгледаат и на последната средба се дојде до заклучок каде треба да се разгледаат двата извештаја и да се продолжи со извештајот кој има врска со отчетноста. Тоа е транспарентност, европска вредност и најмалку очекувам да се дебатира за оние прашања кои навистина создаваат разлики меѓу извршната власт и значаен дел од членовите на Демократската унија за интеграциј. На почетокот на секој состанок се одобрува записникот од претходниот состанок и секако ќе се разгледа и правото на секој да предложи други точки на дневниот ред“, рече Блерим Беџети-организациски секретар.

На седницата одржана на 15 октомври беше избрано новото претседателство. Најжестока дебата имаше на вториот состанок одржан на крајот на октомври минатата година на кој требаше да се разговара за работата на министрите од ДУИ. Тие доставија извештаи за својата работа, но состанок за нивно разгледување никогаш не беше свикан. Токму тоа ја натера Огнената група да реагира со тврдење дека министрите реализирале само 2% од програмата на ДУИ. Од тие настани се чини дека поделеноста меѓу двете страни само се продлабочи.

Почнаа нови обвинувања и контра-обвинувања. Ситуацијата почна уште повеќе да ескалира со организирањето собири низ општините кои наликуваа на предизборни митинзи. Реториката се засили со митингот во Чаир.

„Џабе им е бидејќи Артан, ние не сме воз, ние сме ураган. Ураганот не престанува, ураганот ако те понесе, те нема, ќе те покрие еднаш засекогаш. Затоа, сите кои се обидуваат да ја запрат, да ја попречат визијата и мисијата на ДУИ, нека слушнат една многу искрена порака: Да не одат пред ураганот бидејќи тој ќе ве повреди!“, изјави Али Ахмети – претседател на ДУИ.

„За жал, после 22 години господинот Ахмети за првпат зазема страна, страната на „артанистите“. Гледам дека направивме нешто добро, ги натеравме министрите да се спуштат во базата. Ги натеравме, па го заборавија тоа „СРМН“ и сега се вратија на ОНА и Илир Шаќири. Добро е претседателот да ја види реалноста и добро би било да ги остави сами Артан и Бујар, за да види колкава тежина имаат“, нагласи Изет Меџити – потпретседател на ДУИ./Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button