ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утврден полот и возраста на настраданите во пожарот во Тетово

Меѓу настраданите во пожарот во ковид центарот во Тетово осум жртви се жени и шест мажи, на возраст од 29 до 78 години. Од нив 12 лица биле хоспитализирани како пациенти во ковид болницата. Од починатите, две лица и тоа сопруга на пациент и ќерка на пациентка се надворешни лица кои не биле хоспитализирани, дознава АЛСАТ од извори во Обвинителството.

Advertisements

По налог на обвинителството извршена е обдукција и на почината пациентка, која настрадала од COVID-19 и за чиј живот се борел медицинскиот персонал непосредно пред избувнувањето на пожарот. Телото на веќе починатата пациентка било изнесено во моментот на избувнување на пожарот. Обдукцијата по барање на обвинителството беше извршена за точно утврдување на причините за смртта, при што се констатира дека настанатата смрт не е последица од пожарот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button