СПОРТ
Вајналдум пред долга пауза, има скршеница на ногата
![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2022/07/roma-780x470.jpg)
Џини Вајналдум требаше да биде сериозен адут на Жозе Мурињо во Рома, но екс-фудбалерот на Ливерпул и ПСЖ малерозно ја почна авантурата во Италија, здобивајќи се со сериозна повреда.
Тој се повреди на вчерашниот тренинг на „волчицата“, а деталните прегледи покажале дека станува збор за скршеница на потколеницата на десната нога.
Извор: Екипа