МАКЕДОНИЈА

Вакцинацијата на над 20 илјади граѓани постари од 75 години ќе започне во среда

Во среда почнува вакцинацијата на 20 илјади граѓани со АстраЗенека. Масовната вакцинација ќе започне со лица над 75 години. Имунизацијата ќе се одвива на 30 пункта во различни градови во земјава, додека преку матичните лекари на граѓаните ќе им биде доделен распоредот за вакцинација. Министерот за здравство рече дека и тој ќе биде вакциниран со АстраЗенека, но не во оваа фаза, уверувајќи ги граѓаните дека вакцината е безбедна.

Директорот на Клиниката за пулмологија, Дејан Докиќ, ги повика граѓаните кои ќе бидат вакцинирани да не се грижат доколку вакцината дава реакции бидејќи тие се нормални.

До денеска се вакцинирани 7.005 здравствени работници, додека 111.347 граѓани изразија интерес да бидат вакцинирани против ковид 19.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button