ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата уапси 21 лице за трговија со дрога, но не и главните „фаци“

Во акција за борба против дрога полицијата ноќеска уапси 21 осомничено лице. МВР и Обвинителството ја следело групата повеќе од една година. Одземена е определена количина на дрога, опрема за комуникација, готовина, автомобили и оружје. Но, обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, не сакаше да открие многу детали. Вели – акцијата продолжува до целосно разбивање на групата за меѓународна трговија со дрога.

Русковска рече дека се бараат и други лица, не исклучувајќи ја можноста при разгледување на доказите, вмешани во криминал да биле и припадници на полицијата. Таа не ги откри иницијалите или хиерархијата на уапсените, но неофицијално се дознава дека „главните“ не се меѓу нив.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека сите надлежности сега ги презема обвинителството. Акцијата која траела неколку часа се одвивала на неколку локации во и околу Скопје, како што се Сингелиќ, селото Грчец и општините Гази Баба и Чаир. Против групата од понеделник ќе се врши и финансиска истрага за перење пари. Според Рускоска, таква истрага не се одвивала досега поради страв акцијата да не била откриена. Обвинителството денеска не објави никакви снимки од акцијата, повеќе информации се очекуваат за утре.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button