ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Процес на обнова на СДСМ на сите нивоа

„Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар“, оцени претседателот на партијата Димитар Ковачевски, честитајќи им ја победата на политичките ривали. Тој истакна дека одговорност за лошиот изборен резултат имаат сите партиски функционери, вклучувајќи се и себеси. Ковачевски најави процес на обнова на СДСМ, кој би подразбирал внатрепартиски избори за претседател на партијата и на сите партиски тела и на централно и на локално ниво.

„СДСМ ќе треба добро да погледне навнатре да размили што направивме и кои се резулатите и слабостите во последните 4 години, можеби и во последните 7 години. И уште поважно, што е тоа што треба да направи за да ја обновиме и вратиме довербата на граѓаните што ја изгубивме“, рече Ковачевски.

Дел од високите функционери на СДСМ решија да не го чекаат изборот на ново раководство и поднесoa оставки од позициите. Потпретседателската позиција ја напуштаат Фатмир Битиќи и Перо Костадинов, додека пак од функцијата претседателка на Форумот на жени се повлече Јована Тренчевска.

Според него, процесот на консолидација може да биде спроведен само од лица кои немаат багаж од минатото. Тој порача и да не се отстапува од евроинтреграциите зашто државата нема друг избор.

„СДСМ ќе се однесува одговорно, но топката сега е во рацете на новата Влада предводена од Христијан Мицкоски. Сите оние кои мислат дека денешното гласање било против Европа или ќе се обидат да го спречат природниот пат на Македонија кој води до ЕУ, блокирањето на тој пат кон Европа не само што ќе донесе голем пад на животниот стандард, туку ќе ги зголеми етничките тензии и ќе не изложи на безбедносен ризик кој никој од нас не може да разбере колку може да биде голем“, рече Ковачевски.

Ковачевски рече дека СДСМ ќе се однесува државнички.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button