ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство нема намера да преземе поостри рестриктивни мерки

Министерството за здравство не планира да ги зголеми рестриктивните мерки за борба против ковид 19. Комисијата за заразни болести исто така го одложи од понеделник за вторник состанокот на кој требаше да се испита епидемиолошката состојба. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека досегашните мерки во комбинација со свеста на граѓаните се доволни за да се задржи под контрола третиот бран на пандемијата.

Извештаите од Институтот за јавно здравје покажуваат дека за само една недела има нови 5.000 активни случаи. Но, здравствените власти велат дека нема простор за паника. Податоците од ИЈЗ покажуваат дека смртноста исто така се зголемила.

„Во последните седум дена, линеарното зголемување е околу 5 илјади повеќе активни случаи. Во моментов има околу 19 илјади. Во текот на минатата недела, беа регистрирани околу 30 жртви дневно, додека просекот на излечени надмина приближно 700 пациенти кои го преживеале вирусот“, наведуваат од Институтот за јавно здравје.

Додека мерките остануваат исти, бројките се зголемуваат и за пациентите на кои им е потребно болничко лекување како резултат на здравствените компликации предизвикани од ковид 19. Официјалните бројки велат дека само во Скопје во последните 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти, додека во главниот град позитивни се вкупно 668 лица. Според Министерството за здравство низ целата земја на болничко лекување се 1.537 пациенти, а слободни се околу 300 легла.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button