МАКЕДОНИЈА

Вакцинацијата со руската вакцина започнува в среда, први во редот повозрасните со хронични заболувања

Пристигнаа првите 3.000 дози на руската вакцина „Спутник В“. Министерот за здравство, Венко Филипче и рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин, на меѓународниот аеродром во Скопје изјавија дека во наредните денови ќе се знае кога ќе пристигне втората пратка од вкупно 200 илјади дози од оваа вакцина. Процесот на вакцинација ќе продолжи како дел од акцискиот план за имунизација. Вакцинацијата со „Спутник В“ се очекува да започне во среда. Први ќе бидат постарите граѓани кои страдаат од хронични заболувања.

Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин рече дека вакцината Спитник В, која е меѓу првите вакцини регистрирани против КОВИД 19, е безбедна и ефикасна.

„Се знае дека „Спутник В“ е меѓу првите регистрирани вакцини. Вакцината е безбедна и ефикасна. Оваа вакцина е регистрирана во 46 земји. Во СЗО се разгледува дека барањето „Спутник В“ да биде вклучено во списокот на лекови одобрени од СЗО за употреба во итни ситуации. И јас ќе се вакцинирам, бидејќи верувам дека ќе добијам друга пратка и за вакцинација на амбасадорите. Сепак, оваа испораката е за граѓаните на Македонија“, рече амбасадорот Баздникин.

До крајот на овој месец се очекува да пристигнат вакцини од други производители: од „Синофарм“ од Кина, од „АстраЗенека“ и од „Фајзер“. Нарачани се над два милиони вакцини. Но, само 120.000 граѓани досега поднеле барање за имунизација.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button