ВЕСТИЗДРАВСТВОРЕГИОН

Вакцинираните со физичка настава, невакцинираните онлајн, предлага српскиот епидемиолог, Кон

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека единственото логично решение за него за почетокот на учебната година е одвојување на вакцинирани од невакцинирани ученици постари од 12 години – оние што ја примиле вакцината да одат на училиште, а оние што не примиле, да одат на онлајн часови.

„Не можете заедно да ставите заштитени и незаштитени, пред се, во интерес на незаштитените“, рече Кон, додавајќи дека во ситуација кога бројот на заразените расте, едно од многу важните прашања е како ќе се реши ситуацијата во училиштата.

Според него, Министерството за образование треба да го реши проблемот со наставата и за деца под 12 години.

„Најверојатно, учениците од прво до четврто одделение ќе одат на часови, а петто и шесто одделение ќе комбинираат еден ден онлајн, еден ден на часови. Носењето маски, исто така, ќе биде задолжително“, изјави членот на Кризниот штаб за тамошните медиуми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button