МАКЕДОНИЈА

Вакви оценки дале студентите за состојбата во студентските домови

Студентите во студентските домови немаат соодветно сместување и исхрана, а мерките за развој на студентскиот стандард кои ги преземаат надлежните државни органи не се доволни, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија. Заводот спровел и анкета за состојбата во домовите со студентите, па на скалило од еден до пет, вкупно 286 студенти храната ја оцениле со 2,6. Оценката за хигиената е 2,4, а техничките услови 1,6. Ревизорите исто така утврдиле дека нема воспоставен регистар на студентски домови, што неповолно влијае врз спроведувањето на постапките за сместување на студентите. Верификацијата пак, што треба да ја направи Министерството за образование и наука пред започнувањето со работа на студентските домови не била направена за сите. Во Извештајот, главните забелешки се однесуваат на лошиот стандард на студентите, намалените сместувачки капацитети и слабостите во системот при доделувањето на стипендиите. Ревизорите утврдиле слабости и во исплатата на студентскиот оброк.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button