ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И Мендух Тачи со речникот на Али Ахмети: „ЕУ, Русија, Украина…“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска ја официјализираше коалицијата со ДПА на Мендух Тачи и Европската демократска партија на Аријанит Хоџа. Хоџа ќе се најде на листа во шестата изборна единица, но сè уште не се знае на која позиција. Оваа партија ќе има и кандидат во втора ИЕ, односно досегашниот пратеник Бастри Бајрами. Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, веќе најави дека неговото име ќе биде четврто во шестата ИЕ. По потпишувањето на договорот, Ахмети ги повика и партиите на Турците и Ромите да им се приклучат, за, како што рече, да се постигне заедничката цел, интеграција на земјата во Европската унија.

„Ние што сме тука сме незапирливи и продолжуваме не само со партиите што останаа, туку и другите заедници како Турците и Ромите се обединуваат околу овој фронт. Никогаш не сме барале милостина или отштета бидејќи Охридскиот договор ги унапреди и тие заедници кои беа дискриминирани и маргинализирани“, рече Ахмети.

Мендух Тачи рече дека изборната битка не е меѓу Европскиот фронт и опозицијата, туку меѓу патот кон ЕУ и спречувањето на руското влијание.

„Лидерите на еден народ, особено оние кои имаат искуство, треба оддалеку да ја забележат опасноста и да го предупредат својот народ, да не ја избегнуваат таа опасност, туку да се подготват да се соочат со таа опасност. Опасноста што им се заканува на Македонија и на Балканот е руската агресија во Украина и врз цивилизираниот свет…“, раче Тачи.

„Оваа координација денеска е од историска важност. Ќе ги избрише границите меѓу браќата, а со тоа обединети во Европската унија ќе покажеме дека сме дел од западната цивилизација, цивилизација која нашите предци ја изградија“, рече Аријанит Хоџа. Претседател на ЕДП.

Ахмети за неколку дена најави потпишување на договор и со Зијадин Села и со две турски и една ромска партија. Пред една недела потпиша и со партијата Движење народ на Скендер Реџепи-Зејд.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button