МЕТРОПОЛ

Вакви совети може да ви донeсат повеќе штета отколку корист

Некои совети колку добро да звучат на хартија и во теорија, сепак во реалноста немаат многу ефект.

Ако сте ја изгубиле страста за работата – променете ја

Ако одењето на работа ви претставува мачење, сигурно треба да размислите за за промена на работата. Но, наоѓањето на работа која ќе ви оди добро, ќе ви биде забавно и ќе бидете одлично платени е план кој ќе биде тешко да се реализира. Не е невозможно, но е тешко. Така што, ако сте подготвени за таков предизвик во тој случај, советот да ја смените работата бил бил добар. Во спротивно, не се ни обидувајте.

Не сте доволно платени за работата која ја работите

Ова е еден од најчестите коментари на околината, што се однесува до вашата работа. А тоа зависи и пристапот и перцепцијата на луѓето. Затоа, пред да почнете да се однесувате како да не сте доволно платени, да занемарувате работа и да не ја завршувате, размислете убаво и земете ги предвид вашите квалификации, образование, искуство и потоа реагирајте. Не сите субјективни ставови и совети ви се од корист.

Најважни се врските

Да, важни се ако станува збор за еминентни и важни луѓе. Ако зборуваме за мрежата на лични познанства, тоа не значи секогаш многу. Ова е случај каде се цени квалитет, наместо квантитет. Понекогаш е подобро само да познавате личност која ќе ви даде добра препорака.

Успешните луѓе можат да вршат повеќе работи истовремено

Модерната технологија го овозможува тоа, но прашањето е колку квалитетно ќе бидат завршени сите работи. За да биде резултатот добар и впечатлив, подобро е да се посветите само на една работа, отколку на 3 истовремено.

Честата промена на работата лошо стои во CV-то

Ако во текот на една година сте промениле 2-3 работни места, тоа не изгледа добро, но од друга страна пак не значи дека треба да останете некаде на своја штета. Стручњаците се согласуваат дека една година е доволно да знаете дали сте за таа работа, што да очекувате и да видите дали ви се допаѓа. Така што ако менувате работа на период подолг од година дена, не изгледа страшно во вашата професионална биографија, туку дава впечаток дека знаете што сакате.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button