ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вал: Ревидирајте го Изборниот законик за финансирање на изборната кампања

Вал: Ревидирајте го Изборниот законик за финансирање на изборната кампања

Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје вели дека измената на Изборниот законик во делот на финансирањето на изборната кампања е една од препораките на ОБСЕ/ОДИХР која се очекува да се спроведе. Според него, потребни се еднакви услови за сите политички партии, а не фаворизирање на најголемите.

Advertisements

„Од она што го дознав кога ја зазедов позицијата овде е дека на последните избори имаше критики од некои политички партии дека немало еднакви услови на теренот и како што истакнавте сега, дека државните средства за изборни кампањи, а потоа и за медиумско рекламирање, како и телевизиско време наголемо им се дава на големите политички партии. Ова очигледно не е добро бидејќи во функционална демократија во изборниот модел би сакале да имате еднакви услови за игра за сите, а токму ова е една од техничките препораки на ОБСЕ/ОДИХР која се надеваме дека ќе биде одобрена сега”, изјави Килијан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје. Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button