
Речиси е сигурно дека идното лето Столе Димитриевски ќе го напушти тимот на Рајо Валјекано, и ќе замине во некој друг клуб. Голема е веројатноста „единицата“ на македонскиот национален тим да остане во Шпанија, откако за него има интерес од неколку клубови.
Виљареал и Севиља се клубовите кои што го сакаат потписот на Димитриевски, но во трката сега сериозно се вклучува за потписот на македонскиот голман.
За Валенсија во моментов во голема форма брани Георги Мамардашвили. Меѓутоа Грузиецот веќе долго време е на „мета“ на големите клубови од Англија, па така веројатно ова ќе биде негова последна сезона на „Местаља“. Токму од тука Валенсија уште од сега почнува да ја бара неговата замена.
Валенсија во Димитриевски гледа идеална замена за Мамардашвили. Се очекува овој тим, како и Виљареал и Севиља да почнат официјални преговори со чуварот на мрежата во јануари, со оглед дека во јуни ќе биде слободен агент, и шест месеци претходно веќе ќе може да почне преговори.