РЕГИОН

Вархеји: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Откако Советот минатата недела ги одобри реформските агенди на земјите од Западниот Балкан кандидати за членство во ЕУ, очекуваме првите исплати на средства во рамки на Планот за раст на регионот да бидат реализирани уште во текот на овој месец, соопшти денеска еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Advertisements

– Сега отчукува часовникот со цел земјите кандидатки да започнат со реализација на реформите за да можеме да напредуваме со понатамошната исплата на средства, изјави Вархеји на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што земјата практично ги започна пристапните преговори по кластери.

Вархеји потсети дека Планот за Европската комисија за раст на Западниот Балкан има за цел да обезбеди дополнителни инвестиции во инфраструктурата, но и да им помогне на земјите од регионот да ги споредат суштинските реформи кои се неопходни за да станат членки на Унијата, за што се предвидени шест милијарди евра во форма на грантови и заеми. Но, за да функционира ова, според него, земјите кандидати мора да покажат резултати во спроведувањето на утврдените реформските агенди.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button