РЕГИОН

Вархеjи: Целта e меѓувладина конференција со Србија следниот месец

Европскиот комесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, денеска, зборувајќи за важноста на проширувањето на ЕУ, рече дека целта е да се одржи меѓувладина конференција со Србија во следниот месец и ги повика Белград и Приштина да постигнат напредок во дијалогот посредуван од ЕУ.

Advertisements

„Белград и Приштина мора да напредуваат во дијалогот што го води ЕУ за да напредуваат на нивните патишта кон ЕУ. Потребен е конструктивен пристап и мора да се избегнат унилатерални дејства што ги зголемуваат тензиите“, рече Вархељи на меѓупарламентарната конференција за Заедничката Надворешна и безбедносна политика (CSDP) и Заедничка безбедносна и одбранбена политика (CSDP) во Будимпешта.

Тој додаде дека ЕУ мора да ги продолжи пристапните преговори со Србија и да го отвори Кластерот 3, кој се однесува на конкурентноста и инклузивниот раст.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button