ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вархеји за БГНЕС: Критериумите за членство на С Македонија во ЕУ се многу јасни

Критериумите за членство на Северна Македонија во Европската Унија се многу јасни. Не очекувам некаква промена во Преговарачката рамка, вели во изјава за бугарската агенција БГНЕС, еврокомесарот за проширување и соседски прашања Оливер Вархеји.

На прашањето на БГНЕС, дали постои некаква можност за промена на условите што РСМ треба да ги исполни, имајќи предвид дека голем број македонски политичари тврдат дека може да има промена во Преговарачката рамка за Скопје, Вархеји одговара:

„Критериумите се многу јасни од 2022 година кога беше усвоена Рамката за преговори. Тие мора да се исполнат и во оваа смисла не очекувам некаква промена. Не мислам дека земјите-членки ќе сакаат да ревидираат некој од условите. Јасно е дека тие мора да се исполнат. Се надевам дека веднаш по изборите новата влада во Северна Македонија ќе ја преземе оваа работа и ќе продолжиме со исполнување на критериумите“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button