ВЕСТИРЕГИОН

Вечерва ќе дознаеме дали Грција утре ги отвора границите

Границите на Грција веќе една година се затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за државјаните на Македонија. Планот на грчката Влада за безбедно отворање на туризмот, како и кампањата на грчката национална туристичка организација, вечерва ќе бидат презентирани на прес-конференција во Атина.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека добил најави од Грција дека од 14 мај, односно од утре границите ќе се отворат, а за влез ќе бидат потребни или сертификат за вакцинација или негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа. Најфреквентниот граничен премин Богородица е подготвен пред евентуалното отворање по пауза од цела една година и два месеци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button