ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Големата количина кинески вакцини до крајот на месецов, колективен имунитет до крај на летово

Вакцините од кинескиот производител Синовак се очекува да пристигнат до крајот на месецов, најави министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес конференција со амбасадорот на Народна Република Кина во земјава, Џанг Ѕуо.

Министерот Филипче додаде дека се очекува со новите вакцини бројот на вкупно вакцинирани граѓани во земјава да достигне околу 600 илјади.

„Во овој момент се вакцинирани нешто под 300 илјади граѓани и до крајот на летото верувам дема ќе се постигне процент за којшто може да кажеме дека е колективен имунитет…од јули, третиот и четвртиот квартал, најавени се сите други поголеми количини на вакцини…се очекува, како што е првично највено, да стигнат 350 илјади од вакцините на Фајзер и преку КОВАКС системот“, рече Филипче.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button