ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Вечерва ќе се финализира пакетот за најсиромашните граѓани

Вечерва ќе се финализира пакетот за најсиромашните граѓани

До вечерва ќе се финализираат мерките за ранливите категории граѓани. Премиерот Ковачевски очекува на почетокот на следната недела тие да бидат објавени. Според информации на Алсат во овој пакет мерки ќе има ваучери за храна, ваучери за електрична енергија, може да има и бесплатен транспорт и друго.

„И денеска работат економските тимови на конципирање на овие мерки и мислам дека до понеделник ќе имаме мерки кои што ќе можат да се најават за најранливите категории граѓани, бидејќи е ова време на солидарност, ова е време кога мора сите да помогнеме заеднички да ја препродиме оваа криза во која се наоѓаме не само ние туку целиот европски континент“, рече Димитар Ковачевски -премиер.
За помошта на компаниите кои се снабдуваат со електрична енергија на либерализираниот пазар на струја, Ковачевски вели дека се подготвува исто така пакет на мерки но тој ќе се соопшти дури на крајот на месецов. На последниот економски совет на кој присуствуваа и претставници на Стопанската комора, беше најавено дека Владата во среда ќе соопшти кои од барањата на компаниите и Синдикатите на работниците ќе се прифатат.

„Она што во моментов се подготвува е пакет на мерки кои треба да биде финализиран до крајот на овој месец при што ќе се земат в предвид различните карактеристики на индустриите бидејќи имаме индустрии кои што произведуваат основни прехранбени производи, кои што произведуваат други производи и услуги коишто се неопходни за одвивање на секојдневниот живот на граѓаните и врз основа на буџетските можности кои што ги имаме како држава, бидејќи не секоја држава има неограничени можности во рамки на фискалната политика да обезбедиме финансика подддршка на компаниите во одредени индустрии кои што се на либерализираниот пазар“, додаде тој.

Додека се очекуваат мерките од Владата, вчера Државниот завод за статитика обајви дека стапката на инфалцијата стигна до 18, 7 проценти – најголемо поскапување има кај лебот, млечните производи, шеќерот, транспортот и друго./Alsat.mk

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button