СПОРТФУДБАЛ

Велковски, меѓу десетте најскапи играчи кои се нудат на пазарот

Дарко Велковски е стопер кој долги години го носеше дресот на репрезентацијата на Македонија и важеше за редовен во првата линија. Меѓутоа, во последните месеци работите се променија и тој не во тимот.

Причината е што Дарко Велковски не може да најде клуб. 28-годишниот дефанзивец е слободен по разделбата со Ал-Етифак, а иако се пишуваше за негов можен ангажман низ неколку европски клубови, до такво нешто не дојде.

Според „Трансфермаркт“, нема многу слободни фудбалери, а Дарко Велковски е меѓу десетте најскапи играчи кои се нудат на пазарот.

 

Давид де Хеа (Шпанија, 8.000.000 евра)

Џеси Лингард (Англија, 6.000.000 евра)

Шека (Португалија, 5.000.000 евра)

Анвар Ал-Гази (Холандија, 3.000.000 евра)

Елдер Кошта (Ангола, 2.800.000 евра)

Хозе Кампања (Шпанија, 2.500.000 евра)

Немања Јовиќ (Србија, 2.000.000 евра)

Сулејман Думбиа (БСК, 2.000.000 евра)

Санти Мина (Шпанија, 2.000.000 евра)

Дарко Велковски (Македонија, 1.800.000 евра)

 

Последните настапи на Велковски беа во Саудиска Арабија, а претходно во својата биографија тој ги има хрватска Ријека, македонски Вардар и Работнички./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button